Кандидатот за републиканската претседателски номинација Десантис неповреден во сообраќајна несреќа

Републиканскиот гувернер на американската сојузна држава Флорида и кандидат на предизборите за номинацијата на Републиканската партија на претседателските избори во 2024 година, Рон Десантис, доживеа сообраќајна несреќа додека со автомобил одел на предизборен собир во државата Тенеси.

Портпаролот на неговата кампања Брајан Грифин, поврдил за агенцијата AFP дека Десантис имал сообраќањен инцидент додека патувал во Чатануга, и додал дека политичарот не бил повреден.

„Благодарни сме на молитивите и на добрите желби од нацијата за негова постојана заштита во текот на предизборната кампања“, додал.

Четириесет ичетригодишниот Рон Десантис во ноември 2022 година надмоќно победи на изборите за гувернер на Флорида, и се надева дека ќе ги привлече гласачите со своите директни ставови за миграциите, абортусот и родовите прашања.

Меѓутоа, неговото влегување во кампањата за републиканските предизбори претрпе неуспех бидејќи директниот пренос на Twitter го расипаа технички проблеми. Покрај тоа, на Десантис медиумите му префрлаат и дека нема доволно харизма.

Поранешниот претседател Доналд Трамп води во националните анкети пред есантис за околу 33 процентни поени, а републиканските кандидати се подготуваат за првото јавно соочување кое на 23-ти август ќе се одржи во Милвоки, во државата Висконсин.

Меѓутоа, Рон Десантис, со поддршка од 18,5 отсто, има најголеми шанси доколку Доналд Трамп се повлече од трката поради проблемите со судовите кои настанаа особено откако ја најави својата канидатура за изборите следната година а за што ја обвинува администрацијата на сегашниот демократски претседател Џо Бајден за кого сѐ уште тврди дека нелегално бил прогласен за победник на изборите во 2020 година.

Според националниот просек на агрегаторот на анкети FiveThirtyEight, поранешниот потпретседател Мајк Пенс е трет со 5,6 отсто поддршка.