
На денешната седница Државната изборна комисија едногласно одлучи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и 21 коалициски партнер да го добие редниот број 1 на гласачкото ливче за претстојните парламентарни избори на 5. јуни.
Како што рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски по оваа точка е беспредметно да се расправа зошто кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е единствена потврдена од Комисијата.
Со истото образложение Чичаковски рече дека е беспредметна и жрепката за распределба локации за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди, по што сите членови на ДИК гласаа за, односно потврдија да нема жрепка.
Претходно на седницата едногласно беше прифатен предлогот на стручните на ДИК да се отфрлат поднесените кандидатски листи на нардодното движење за Македонија (НДМ) поради неправилности. Исто така со седум гласови за и ниту еден против, беа отфрлени кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија СДМП, на нивно барање.