Кание Вест конечно го објави албумот „Donda“

По повеќенеделните одложувања, американскиот репер Кание Вест конечни во неделата на стриминг-сервисите го објави својот десетти студиски албум под насловот „Donda“.

Вест албумот го најави уште пред две години. Организираше и три големи јавни слушања на материјалот одржани во Атланта, Лас Вегас и Чикаго на коишто гостите можеа да слушнат некои од песните, а одреден период престојуваше на садионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта за да се фокусира на процесот на снимање.

На двочасовниот албум со 27 нумери, гостуваат ѕвездите Џеј-Зи, Трејвис Скот, Лил Бејби и Викенд.

Другите учесници на албумот се и ктонтровезните личности: америакснките пејачи Мерилон Менсон обвинет за силување и реперот ДаБејби кој летово предизвика контроверзии со коментарите кои ги оценија како хомофобични и сексистички коментари. Крис Брауб, осуден во 2009 година за напад врз пејачката Ријана, исто така гостува како композитор и текстописоцот на песната „New Again“.

На овој албум, кој го носи името на неговата мајка почината 2007 година, Кание Вест повторно се занимава со верските теми и неколку пати го споменува разводот од Ким Кардашјан. Овој 44-годишен музичар, чиј развод од американската ѕвезда на риалити шоуата е во тек, започна неодмана и постапка за промена на името во „Ји“.