Кание Вест поднесе барање за промена на името

Американскиот рапер Кание Вест поднесе барања за промена на своето име во уметнички псевдоним, објави магазинот Variety повикувајќи се на судските документи датирани од 11-ти август.

Според поднесокот пред судот во Лос Анџелес, 44-годишниот музичар сега сака да се вика „Ји“(Ye) наместо Кание Омари Вест, обрзложувајќи го тоа со „лични причини“. Станува збор за негов долгогодишен прекар од две букви, а барањето не содржи средно име и презиме.

Според магазинот, за да се оствари ова барање, според законите во сојузната држава Калифорнија, судија мора да го одобри и потпише таквото барање, а во некои случаи новото име мора да биде објавено и во неколку весници.

Вест, кој со години се идентификува како Ји на своите профили на социјалните мрежи, уште во 2018 година објави дека сака да го промени името, наведувајќи „битието формално познато како Кание Вест. Јас сум ЈИ“.

Псевдонимот беше и насловот на неговиот албум од таа 2018-та, а музичарот во повеќе интервјуа рече дека покрај тоа што сака да го скрати своето име, му се допаѓа и тоа што е збор кој се користи во Библијата.

Во февруари годинава, американскиот фотомодел и риалити ѕвезда Ким Кардашјан и Кание Вест по седум години брак поднесоа барање за развод. Ким не побарала нејзиното презиме да се врати само во Кардашјан, а и нивните четири деца, исто така, го имаат неговото презиме.

Како што забележува весникот, раперот во моментов работи на обновувањето на својот дом од детството во Чикаго, и токму на старото место на коешто сега е стадион. Истовремено неговите обожаватели сѐ уште го чекаат новиот албум „Donda“, чие издавање беше најавено уште во минатата година.