Канје ја остави Ким четири дена по породувањето

Според пишувањата на странските медиуми, бракот на Канје Вест и на Ким Кардашиан веќе неколку месеци е во криза, а популарниот рапер, наводно, ја оставил ѕвездата на реалното шоу само четири дена по породувањето.

Како што пишува „УС магазин“, неколку дена по раѓањето на малиот Сент, Канје ги собрал своите работи и го напуштил семејниот дом. Ким, според зборовите на неименуваниот извор, се преселила кај мајка ѝ Крис.

Само неколку дена порано за магазинот „Е!“ пријателите на Ким и на Канје изјавиле дека нивниот брак е цврст и полн со љубов, како и дека раперот е одличен татко.

Сепак, како што пишуваат некои таблоиди, ова било само фарса за јавноста, но кога-тогаш за неа морало да се дознае.