Капитенот на лондонски Арсенал и норвешки репрезентативец Мартин Одегард се повреди на натпреварот од Лигата на нации против Австрија.
Се чини дека Одегард сериозно го повреди скочниот зглоб и сѐ уште е под знак прашалник колку долго ќе биде надвор од терените.
„Повредата на Мартин изгледаше лошо во соблекувалната, само знаеме дека е истегнување на скочниот зглоб“, изјави норвешкиот селектор Стале Солбакен за норвешка TV2.
Лекарот на нотвешката репрезентација Оли Санд додаде дека сѐ ќе биде појасно по магнетната резонанца.
„Ќе видиме во текот на вечерта и утре што ќе се случи следно и што ќе направиме за тоа. Со малку среќа може да испадне добро ако не се скинат лигаментите“, рече Санд.
Норвешка ја победи Австрија со 2:1 и се наоѓа на второто место во поредокот од Лига Б групата 3, со четири бода, исто колку и водечката Словенија со подобра гол-разлика.