Вашингтонски Капитол Хил во понеделникот беше привремено блокиран поради пргласена безбедносна закана откако избувна пожар во близина на комплексот, соопшти полицијата на американската престолнина.
Тревогата е прогласена поради помал пораж кој избувнал во близина на комплексот на американскиот Конгрес, а кој во меѓувреме е изгаснат, соопштија вашингтонските пожарникари.
Пожарот во близина на Капитол се случил на улица на локација каде што ноќевале бездомници, пренесе телевизиската мрежа NBC News, откако објави дека пристапот до сите згради во комплекост е забранет поради „надворешна закана“, а учесниците на пробата за инаугурацијата на 46-от претседател на САД на 20-ти јануари биле евакуирани во една од зградите.
„Сите згради во рамкоте на Капитол се блокирани поради надворешна безбедносна закана. Не е дозволено ниту влегување, ниту излегување, држете се подалеку од надворешните прозорци и врати, а доколку сте надвор побарајте засолниште“, пишуваше во пораката за предупредување испратена до вработените во Капитол.
Ова предупредување било прочитано и преку мегафоните, а на учесниците на пробата за инаугурацијата им било кажано веднаш да се евакуираат.
Подоцна и американската Тајна служба, задолжена за безбедноста на највисоките политички американски функционери, објави дека пожарот кај Капитол е изгаснат.
„Агенциите за јавна безбедност и спроведување на законот интервенираа поради мал пожар во Вашингтон кој беше изгаснат. Поради безбедносни причини, комплексот згради на Капитол беше привремено затворен. Немаше закана за јавноста“, соопшти агенцијата на Twitter.
Видеата и фоторгафијата кои се појавија на социјалните мрежи покажуваа како се извива чад во близина на комплексот. Како што може да се забележи дека пожарот бил под надвозник, на едно од местата на кои бездомниците често ги подигмуваат своите импровизирани шаторски населби.
Сите служби во Вашингтон се на максинмално ниво на приправност пред инаугурацијата на Бајден, по безредијата од 6-ти јануари на Капитол на протестите на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп кои се убедени дека му е украдена победата на претседателските избори на 3-ти ноември.
Во моментов неколку илјади војници се распоредени околу Капитол кој се подготвува за инаугурацијата на Бајден, но се стравува од евентуални насилни протести на поддржувачите на Трамп.