
Не бидете изненадени доколку во текот на утрешниот ден забележете мали впечатливи покани, во форма на “купон-подарок”. Капитол мол го најавува првиот роденден на 12 декември, и притоа информира за бројните подароци и попусти кои ќе бидат овозможени.
Сé што треба да се направи е на поканата да се напише денот на вашиот роденден, да се заокружи омилениот бренд во Капитол мол од каде сакате да добиете попуст или подарок и да дојдете во Капитол мол во месец декември. Купон-подарок оставете го во големата кутијата-подарок која ќе биде поставена во централниот хол во Капитол мол и на денот на вашиот роденден, оваа или следната година, да дојдете во Капитол мол за да го реализирате купонот.