мотивацијата и очајот, кои владеат во СДСМ, каде се’ погласни се поделбите и тензиите меѓу членството на партијата, кое е свесно дека нивното раководство ги доведе до нов пораз, и тоа повеќе не може да се сокрие, колку и Заев и Шекеринска и Шилегов да се обидуваат да внесат некоја надеж во која ниту самите не веруваат.
Со својата денешна изјава, Зоран Заев едноставно капитулираше.
Барањето за одложување на изборите го покажува кукавичкото лице на Заев и ги демантира на дело сите лажни тврдења за некаква наводна сила на опозицијата.
Гражаните го прочитаа антидржавното однесување на СДСМ, и мрачното сценарио на оваа партија, па затоа очигледно и не им даваат поддршка.
Барањето за одложување на изборите е доказ дека СДСМ губи и тоа со сигурност и со голема разлика.