ВИДЕО: Капсула-хотел за храбри авантуристи

ВИДЕО: Капсула-хотел за храбри авантуристи

Три капсули во кои може да се ноќева, висат од карпите во светата долина на Инките во Перу.

Храбрите авантуристи една ноќ можат да поминат во проѕирната капсула која е прикачена за карпа на 120 метри височина.

За да влезете во неа, мора прво да се искачите на карпата, а потоа со јаже да се спуштите до капсулата направена од алуминиум кој се користи во изработка на авиони. Од дожд капсулата ја штити отпорен поликарбонат.

На карпите се сместени три капсули, а во една капсула можат да спијат осум луѓе.

Едно ноќевање во авантуристичкиот апартман чини околу 260 евра.