Капсулата „Orion“ се врати на Земјата

Капсулата „Orion“ на американската вселенска мисија без екипаж „Artemis 1„ на Месечината се спушти во неделата во Тихиот Океан, по повеќе од 25 дена минати во Вселената и месечевата орбита, соопшти американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Поради должината на орбитата на капсулата и беше потребна една седмица да измине половина од орбитата на Месечината, по што повторно излезе од нејзината орбита и го започна враќањето кон Земјата.

Во текот на летот „Orion“ беше на најголемата оддалеченост од Земјата којашто го постигнало некое летало дизајнирано за лет со астронаути. Од матичната планета беше оддалечен 434.500 километри.

Слетувањето беше спроведено во близина на мексиканскиот остров Гвадалупе во 9,40 часот по локално време. Капсулата влезе во атмосферата на Земјата со брзина од 39.400 километри на час и мораше да издржи топлина од речиси 2.760 Целзиусови степени, наведуваат од NASA.

Леталото во вртоглавото атерирање прво го забавило земјината атмосфера, потоа серијата од 11 подобрани до постигнувањето на брзина од 30 километри на час со која се спуштила во океанот.

Мисијата „Artemis 1“, којашто е без екипаж, ќе ја постави капсулата „Orion“ на оддалеченост од 64.000 километри од Месечината за да ги демонстрира своите перформанси. Откако ќе се врати на Земјата, ќе следи „Artemis II“, што според плановите ќе биде првиот вселенски лет на „Orion“ со екипаж.

Слетувањето на Месечината ќе биде врв на мисијата „Artemis“. Првично планиран за 2024 година, овој исклучително важен настан ќе се случи најрано во 2025 година.

Мисијата ќе одведе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летови „Orion“, кога двајца од нив, од кои најмалку една ќе биде жена ќе минат во леталото на „SpaceX“ за конечни слетување на Месечината. САД во периодот меѓу 1969 и 1972 година испратија 12 астронаути кои слетале на Месечината.