
Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски на денешната прес конференција посочи дека просечно околу 80 отсто од потврдените случаи се асимптоматски.
Тој истакна дека 12-14 отсто од потврдените случаи на коронавирус се со лесна клиничка слика, односно температура, омалаксаност и слабост.
„2-4 отсто завршуваат на клиника со воспалителен процес на белите дробови, додека пак 1-4 отсто завршуваат на респираторна машина“, посочува Караџовски.