
Не размислуваме за полициски час, но ако не се почитуваат правилата, не ја исклучуваме можноста, рече денеска д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.
Д-р Караџовски истакна дека зголемената бројка се должи на собирањата и непочитувањата на препораките. Анализата на епидемиолошките податови во изминатите три дена укажува дека одредени настани се главниот промотор на зголемениот број на заразени.