Карабатиќ: Брат ми и неговата девојка ме ставија во незавидна ситуација

Веќе подолг период во ракометната јавност актуелно е обвинението против браќата Никола и Лука Карабатиќ, како и уште неколку други ракометари од Франција, според кое обвинетите се товарат за местење натпревари.

Особено внимание привлече изјаснувањето на Никола, кој нагласи дека е огорчен од брат му и неговата девојка.

“Јас никогаш не би се обложил на мојот спорт, на мојот тим. Бев многу гневен кога разбрав што направиле Лука и Џералдина, особено што тоа го правеле од мојот телефон. Ме ставија во незавидна ситуација. За мене не е најлошо што се влечам по судови изминативе три години, најмногу ме боли што сум обвинет за местење натпревар, тоа не можам да го прифатам. Сите што добро ме познаваат, знаат дека јас никогаш не сакам да губам натпревар. Таков сум по природа и не можам да го променам тоа”
, – гласела последната одбрана на ѕвездата на Барселона.

Конечниот расплет од судењето треба да биде познат во наредните неколку недели.