Најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ, пред стартот на Европското првенство во Данска, изјави дека “триколорите” не се фаворите за освојување на златниот медал
“Би било премногу храбро да кажам дека ние сме меѓу најголемите фаворити за титулата. Нормално е дека имаме шанси , но повредите на неколку играчи ни направија голем проблем. Затоа според мене најголеми фаворите за титулата се репрезентациите на Данска, Хрватска и Шпанија, изјави Карабатиќ.
Франција на ова првенство ќе го брка третиот златен медал, додека светскиот шампион Шпанија и секогаш силната Хрватска ќе се обидат да се закитат со првата европска круна.