Велат, ракометот е едноставна игра… Купи го Никола Карабатиќ и ќе бидеш прв, ќе бидеш најдобар… Затоа што и тој е едноставно најдобар!
Никола Карабатиќ со вчерашниот триумф на Барселона на Ф4 од Лигата на шампионите во Келн стана ракометарот кој ги обедини сите можни титули. Французинот со својата репрезентација е актуелен олимписки првак, актуелен светски шампион, актуелен европски првак, избран е за најдобар светски ракометар, а со Барселона е најдобар во Шпанија и во Европа. А го доби и ласкавото признание за МВП – играч на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.
Нема што нема…И блазе на клубот што него го има.
Пред неполна година се појави шпекулација дека Никола Карабатиќ би можел да пристигне во РК Вардар. Засега е само илузија, но, ете што му недостига на македонскиот претставник најмалку да биде дел од завршниот Фр турнир во ЛШ.
Ракометот е едноставна игра. Треба само да го купиш Никола Карабатиќ!
Извор: Екипа.мк