Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ е избран за најкорисен играч (МВП) на Европското првенство во ракомет во Данска.Тој беше најзаслужен што „триколорите” се закитија со третата европска круна, а во идеалниот тим на првенството се најдоа следниве ракометари:
Голман: Никлас Ландин (Данска)
Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Исланд)
Лев бек: Микел Хансен (Данска)
Среден бек: Домагој Дувњак (Хрватска)
Пикер: Јулен Агинагалде (Шпанија)
Десен бек: Криштоф Лијевски (Полска)
Десно крило: Лук Абало (Франција)