![artim karacev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/artim-karacev.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Артим Карацев го изненади Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на АТП турнирот во Белград и стана прв финалист кој неделава се одржа во српската престолнина.
Светскиот рекет број еден беше прв фаворит пред своите навивачи, но во саботата се соочи со расположениот руски тенесет, кој продолжува со одличните настапи во 2021 година.
Ова беше реприза од полуфиналето на Аустралијан Опен, но тогаш Ѓоковиќ го доби мечот без загубен сет.
Карацев го доби првиот сет со 7:5, Ѓоковиќ возврати со 6:4, а интересно беше и во драматичниот трет сет, кој му припадна на рускиот тенисер со 6:4 за конечни 2:1 и пласман во финалето по над три часа борба.
Во финалето, Карацев ќе игра против подобриот од второто полуфиналето во кое се среќаваат Даниел и Беретини.