Ракометарите на Киелце го пречекаа германскиот гигант, Кил, во 11. коло од групата А во Лигата на шампионите и по неверојатна драма во финишот ремизира со конечен резултат 36-36.
Публиката беше сведок на тврд и неизвесен, но многу ефикасен натпревар, во кој двата тима прикажаа спектакуларен ракомет и голема возбуда за присутните. Киелце имаше негатива од два гола на полувремето (15-17), но во вториот дел заигра многу подобро и имаше шанса за победа, но доби само бод од овој тежок дуел.
Со голот на Сичко, Киелце поведе со 35-34 на една минута до крајот, Филип Јиха побара тајм-аут, а Кил успеа да се избори за седмерец. Гостите го израмнија резултатот на 20 секунди до крајот, а Талант Душебаев имаше што да им каже на своите избраници. По минутата одмор, домашните тргнаа во напад, Игор Карачиќ постигна гол и ја вивна во славје целата сала, но феноменалниот Никлас Екберг изведе пеколна контра и успеа да израмни на секунда до крајот. Натпреварот заврши со конечни 36-36, а домашните навивачи иако жалеа за испуштената шанса, со громогласен аплауз ги наградија актерите на теренот.
Монпеље комплетно ја оправда фаворитската улога и славеше на домашен терен над последнопласираниот тим во групата Б, Целје Пивоварна Лашко со конечни и убедливи 32-21.
Французите немаа милост кон противникот и уште на полувремето имаа предност од пет голови, а до крајот на мечот само го потврдија веќезапочнатото од првите триесет минути. Разликата постојано се зголемуваше, а на крајот триумфот беше изразен со конечни .
Најефикасни во победничкиот состав беа Алекс Душебаев и Николас Турнат со по седум голови, додека кај гостите подеднакво ист учинок имаа Швеѓаните Екберг и Јохансон.