Репрезентацијата на Англија остана непоразена во овој циклус квалификации за ЕП идната година и тоа е нешто со кое може да се гордеат, посебно во ваква група.
Македонија синоќа успеа да освои добар бод против големиот ривал, кој на овој натпревар не излезе со најсилната 11-ка, туку даде шанса и на помладите, а тоа ние го искористивме и освоивме еден бод (1:1).
Но во Англија очигледно не можат да се помират со фактот што не победија во Скопје за крајот на квалификациите, а најдобро за тоа сведочи пораката на Џејми Карагер, кој тврди дека Македонија добила бизарен пенал, односно непостоечки.
– Бизарни се овоие пенали кои се доделуваат во Европа, уште побизарно е што не го досудија тој од Мегваер.
На тоа, репрезентативецот Бојан Миовски имаше краток коментар на постот на Карагер…. „Бла, бла бла..“.
https://twitter.com/Carra23/status/1726699105391702353?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1726699105391702353%7Ctwgr%5Ee268cd2d4fcc6b56155d224aef40d02412e42c62%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fkarager-se-pozhali-na-bizarniot-penal-koj-go-dobi-makedonija-na-toa-miovski-mu-odgovori-kratko%2F