
Специјалниот претставник во односите со Бугарија, Владо Бучковски е во Софија, каде има закажано повеќе средби. Во 18 часот е закажана средбата со најгласниот бугарски функционер по македонско- бугарските односи, вицепремиерот Красимир Каракачанов.
Тој ова го потврди претпладнето, во одговор на новинарско прашање, при што не пропушти уште еднаш да го искритикува однесувањето на македонските челници и атмосферата во македонското општество кон Бугарија.
Каракачанов обвини за двојни стандарди, хајка кон граѓани кои се декларираат како Бугари во Македонија, а прогнозираше дека нема да има напредок во следните шест месеци. На македонската влада и’ препорача да си ги прочиаат официјалните документи на бугарските власти и да не „создава интриги зад грб“ .
Според Каракачанов, проблемот не е меѓу Македонија и Бугарија, туку меѓу Македонија и Европската Унија.