Каракачанов станува вонпарламентарен политичар

Еден од најконтроверзните политичари во Бугарија, Красимир Каракачанов е на пат да стане сосема небитна политчка фигура.Неговата ВМРО-БНД најверојатно нема да влезе во Парламентот. Со тоа и неговите изјави и навреди за Македонија нема да има никаква вредност бидејќи ќе доаѓаат од човек која има само партија и ништо повеќе.

Тој вчера додека траеше гласањето обвини дека постои концентрирана и координирана манипулација со изборниот процес во Турција во текот на целиот ден. Од утрото, според него луѓе се превезувале со автобуси и се оставале пополнети ливчиња.

„Ова е неприфатливо. Станете и гласајте против мешањето на Турција во политичкиот живот на Бугарија. Бугарија не е под турска власт и никој народ кој ниту се смета себеси за Бугар ниту се грижи за Мајка Бугарија не треба да одлучува за судбината на нашите деца и внуци, напиша тој на фб.