Професорката Тања Каракамишева, со остра реакција на стапувањето во сила на Законот за јазици. Таа на „Твитер“ напиша дека беззаконието и политичкото самоволие е чекор до комплетно укинување на државата, а со законот тоа и се случува.
ПРАВНО СИЛУВАЊЕ! Правници,професори, аналитичари од СДС,НЕ СЕ СРАМИТЕ од ова што ви го прави вашиот владин партнер?Знаете ли дека беззаконието и пол.самоволие е чекор до комплетно укинување на државата,а со законов тоа и се случи! САМО ДА СЛУШНАМ ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВО ОД ВАШИТЕ УСТИ!
Таа воедно упати и предупредување до директорот на „Службен весник”, дека со објавувањето на Законот за јазици во без потпис на претседателот Иванов ќе сноси кривична одговорност.