![karakamisheva1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/karakamisheva1.jpg?resize=640%2C326&ssl=1)
„Кога завршија изборите и се знаеше крајниот епилог на мандати, реков дека во Македонија набрзо ќе мора да се организираат нови избори. Се виде дека распределбата на мандатите беше прилично комплицирана и во таа смисла тешко дека најголемите политички партии од македонскиот блок ќе можат да состават мнозинство што ќе биде долготрајно и ќе донесе стабилна Влада. Се виде дека на која страна и да отидеа пратениците од албанскиот блок, Владата нема да може да биде одржлива“, изјави Каракамишева.
Додаде дека нови парламентарни избори се неопходни за да се обезбеди политичка стабилност во државата, но и да се обезбеди континуитет во правната, политичката и економската стабилност.