![karakamiseva1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/karakamiseva1.jpg?resize=440%2C285&ssl=1)
Универзитетската професорка, Тања Каракамишева гостуваше во вестите на ТВ Нова каде зборуваше за одлуката која денеска ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов.
Таа истакна дека претседателот има уставна и законска можност и право да носи вакви акти.
-Претседателот има право во секоја фаза од кривичната постапка да донесе акт со кој ја прекинува постапката во судот, рече таа.
Каракамишева додаде дека одлуката е согласна со правото и дека не се работи за државен удар.
-Ова не е државен удар, туку тој сака да му ги земе алатките на друг што правеше државен удар. Уставот му дава право на претседателот да биде одговорен за државата. Тој е татко на земјата и должен е да ги претставува интересите на сите граѓани. Одлуката има политичка тежина и може да биде сфатена вака или онака, меѓутоа се работи за сосема легитимен акт, истакна Каракамишева.