Каракамишева: Патриотизмот е силата на секоја држава

(ФБ статус на Тања Каракамишева- Јовановска)

ВО ПАТРИОТИЗМОТ Е НАШИОТ СПАС!

Патриотизмот е ќерка на модерната демократија.
Патриотизмот е чувар на правата и слободите на човекот и на граѓанинот. Патриотизмот е силата на секоја држава.

Новите генерации треба да знаат дека германскиот патриотизам не ја започна Втората светска војна, туку тоа го направи тоталитарната нацистичка идеологија на Хитлер.

Германскиот патриотизам не го создаде Холокаустот, тоа го стори Хитлеровиот нацистички болен ум.

Рускиот патриотизам не ги испрати луѓето на Гулаг, тоа го направи советската комунистичка идеологија.
Лажните политички елити ја згаснаа патриотската енергија, го згаснаа патриотизмот во граѓаните.

Но, време е за вистината.

Вистинските патриоти секогаш се вистински демократи. Нема поголем демократ од патриотот.
Вистинските патриоти се демократи затоа што знаат да ја сакаат својата земја и својот народ, и нивните права и нивните вредности, и нивната традиција и нивната модерност.
Вистинските патриоти не сакаат да ја видат својата земја нападната од никого, но исто така, не сакаат да го видат заробен својот национален идентитет, и заробена својата држава и својот народ.
Или како што своевремено рече Реган, а и денес Трамп: „На Американците им е потребна љубовта кон својата земја и почит кон своите институции“.

Патриотизмот не е тоталитарна идеологија која има за цел да владее со светот.

Патриотизмот е чиста љубов на секој патриот кој ја љуби својата татковина и го љуби својот национален идентитет.

Токму таа чиста љубов е најсилната енергија што се спротивставува на тоталитарните идеологии кои сакаат да го доминираат светот.
Сакајте ја својата Татковина, и почитувајте ги вредностите и традицијата на својот народ.
Се додека ова е главната водилка на секого од нас, нашата Татковина ќе остане земја на слободата, земја на нашите слободи и права.

Ако го изгубиме патриотизмот, ние ќе ја изгубиме вистинската слобода!
Ќе станеме робови на странските робовладетели!
Токму затоа робовладетелите сакаат да ни го уништат патриотизмот. Сакаат да не сведат на аморфна маса која ништо свое не чувствува, ништо свое не сочувствува, ништо свое не вреднува! Маса која може да биде оперирана така како што операторот сака!“