Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска на својот ФБ профил прашува – „Зошто Државната комисија за спречување на корупција до сега молчи и не поведува постапка против одговорните лица во владата за кршење на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси?
“Големите владини правници”заборавиле да ја престанат важноста на чл. 33 и на чл.34 од законот каде е наведена ЗАБРАНАТА ЗА ВОНРЕДНИ ИСПЛАТИ!
Овие членови важат и во вонредна состојба!“, посочува универзитетската професорка, презентирајќи ги притоа и спорните одредби од Законот.