Каратистот Хусеини е нов директор на Културниот центар во Тетово

Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово деновиве доби нов директор. Станува збор за Арлинд Хусеини, кој доаѓа од работната позиција шеф на кабинет на државен секретар во Министерството за култура каде што работел во изминатите 8 години, но на тетовската јавност ѝ е познат како спортски работник, односно како каратист.

Дипломирал на Факултетот за физичка култура, а е магистер по спортски менаџмент.

Претходно, културната јавност се разбранува откако Васил Бубев, наставник по физичко беше именуван за прв човек на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.