Караванот „Купи куќа, купи стан” утре е во Велес. Сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17:00 часот .
На презентацијата ќе учествуваат и градежни фирми од Велес кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.
Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда посетува различни градови.