Караванот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе ги посети Куманово, Крива Паланка и Кратово.
Презентациите ќе се одржат во 17 часот во Куманово во Домот на културата, а во Крива Паланка и во Кратово во општинските сали.
Во следните недели Караванот ќе ги посети Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Дебар.