
Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ денеска ќе се одржи презентација во Дебар и во Берово.
Презентациите ќе почнат во 17 часот, а ќе се одржат во општината во Дебар и во Бизнис инкубаторот во Берово.
На презентациите заинтересираните граѓани ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, банките и Катастар. Во двете општини од страна на општинските власти ќе биде презентирана и локалната понуда на државни плацеви.