Ким Кардашиан дефинитивно го промаши изборот на чевли. Ако постоеше награда за чевли во кои е најтешко да се движите, тогаш овие што ги носи Ким дефинитивно ќе го освоеа првото место.
Високите потпетици на проѕирните сандали просто се виткаа под бремената Ким Кардашиан, додека таа се шеташе низ Лос Анџелес во понеделникот.
Додека Ким воочливо се обидуваше да одржи рамнотежа, чевлите се обидуваа да ја зачуваат сопствената структура.
Овие суперлесни сандали најверојатно биле дизајнирани додека нивниот дизајнер размислувал на забави покрај базен или на ноќни клубови, но не и Ким која е во седмиот месец од бременоста.
Можеби некој ќе си помисли дека Ким научи нешто во првата бременост, во која доста очигледно се бореше со неудобните чевли.