Кардиолог: Овие 9 намирници се забранети на моето мени

За срцето да биде здраво, многу е важно да внимавате на исхраната и да водите сметка за стилот на животот и навиките.

Пред сè, важно е да го исфрлите сето она што делува штетно на најважниот мускул во телото, а еден кардиолог открил кои 9 работи забранува да се консумираат.

Помфрит
На 100 грама пржени компири доаѓаат 8 грама трансмасти кои не се супстанција од природно потекло, туку производ од повеќекратно загревање на растителни масла. Трансмастите го зголемуваат холестеролот во крвта и така го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Црвено и преработено месо
„Шницлите, меленото месо и сланината многу штетно влијаат на срцето. Бактериите од системот за варење ги апсорбираат аминокиселините од црвеното месо, што поттикнува цел синџир на реакции, а на крајот го зголемуваат нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести“, вели кардиологот.

Пржена храна
Термички обработената храна на висока температура создава големи количини на трансмасти кои се еден од главните виновници за проблемите со срцето. Во Кина, каде месото обично се вари или пече, срцевите заболувања се помалку зачестени.

Пица
Само едно парче пица содржи 10 грама масти од кои 4,4 грама заситени масти. Ако не можете да ѝ одолеете на пицата, потрудете се да јадете само едно парче неделно.

Бел леб
Редовното консумирање храна со јаглехидрати како белиот леб, го зголемува ризикот од срцеви болести. Високиот гликемиски индекс го крева нивото на шеќерот во крвта, па врз основа на тоа научниците се сомневаат дека тоа е еден од честите први фактори кои доведуваат до срцев удар.

Пченкарни житарки
Станува збор за брзи јаглехидрати преполни со шеќер кои прават инсулинот во телото да „здивее“.

Сол
Вишокот сол во телото предизвикува оштетување и затнување на крвните садови. Дневно не треба да се внесуваат повеќе од 5 грама сол (неполна мала лажичка).

Инстант супи
Како и поголемиот дел од другите преработени производи, инстант супите содржат голема количина на сол која го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар, откриваат експертите. Лицата кои јадат инстант супи 2-3 пати неделно имаат многу поголем ризик од кардиометаболичен синдром, кој го зголемува ризикот од срцеви болести, дијабетес и мозочен удар.

Енергетски пијалаци
100 милилитри енергетски пијалак содржи 30 милиграми кофеин. Ако испиете 300 мл, што е стандардна количина, ќе внесете 90 мг кофеин, што е како да сте испиле 3-4 еспресо кафиња. Оваа доза на кофеин може да предизвика тахикардија, а притоа ваквите видови пијалаци не се препорачуваат на луѓето кои имаат каков било проблем со срцето.