Кари ќе биде спремен за плејоф битката со Денвер

Екипата на Голден Стејт Вориорс ќе се соочи со Денвер Нагетс во првата плејоф рунда во западната конференција, битка за која составот од Сан Франциско ќе добие едно големо засилување во Стеф Кари.

Кари еден месец е во „аут“ поради повреда, но плејмејкерот подобро се чувствува, тренира и постои оптимизам кај него како и кај организацијата дека ќе му биде на располагање на тренеро Стив Кер веќе за првата средба која се игра в недела наутро од 02:30 часот.

-Целта отсекогаш билa натпреварот број еден, целта се уште е мечот број еден. Многу сум оптимист дека тоа ќе биде натпреварот број еден. Што и тоа да значи, јас само сакам да бидам достапен, -порача Стеф во последната епизода на шоуто на Дрејмонд Грин.

Стеф ќе мора да мине уште некој тест по што официјално ќе се знае неговиот статус за првата средба против Никола Јокиќ и компанија.