Кари го урна „тројкашкиот“ рекорд на Реј Ален

Стефен Кари се урна рекордот Реј Ален според бројот постигнати „тројки“ во натпреварите во основниот дел од НБА лигата, во победата од 105:96 на неговите Голден Стејт Вориорс на гостувањето кај Њујорк Нокс.

Пред дуелот во „Медисон Сквер Гарден“ на Кари му недостасуваат две „тројки“ за да го надмине рекордот на Реј Ален од 2.973 погодени „тројки“, а својата 2.974-та ја впиша по веќе помалку од четири ипол минути игра.

По погодената „тројка“ Кари доби овации од трибините на легендарната њијоршка сала, на кои освен негвоите родители беа и досегашниот рекордер Реј Ален, како и уште една НБА шутерска легенда Реџи Милер.

Кари до крајот на мечот постигна уште три „тројки“ и го заврши со 22 поени, постугнувајќи пет „тројки“ од 14 обиди. Домашните стрелци ги предводеше Џулиус Рендл со 31 поен.

Во другите два натправара одигран ноќта кон средата победниците беа решени во продолженијата. Бруклин Нетс на својот паркет ги совладаа Торонто Рапторс со 131:129, а Феникс Санс славеа со 11:107 кај Портланд Трејл Блејзерс.

Натпреварот меѓу Чикаго Булс и Детроит Пистонс беше одложен бидејќи дури десет играчи на домашниот тим мораа да влезат во здравствениот протокол на НБА лигата поради можна зараза со коронавирусот.

Резултати НБА, 14.12.

Њујорк – Голден Стејт 96-105
Бруклин – Торонто 131-129 (продолжување)
Портланд Феникс 107-111 (продолжување)
Чикаго – Детроит (одложено)

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија
1. Бруклин Нетс 20 8 .714 –
2. Филаделфија 76ерс 15 13 .536 5
3. Бостон Селтикс 14 14 .500 6
4. Торонто Репторс 13 15 .464 7
5. Њујорк Никс 12 16 .429 8

Централна дивизија
1. Чикаго Булс 17 10 .630 –
2. Милвоки Бакс 18 11 ,621 –
3. Кливленд Кавалирс 17 12 .586 1
4. Индијана Пејсерс 12 17 .414 6
5. Детроит Пистонс 4 22 .154 12 1/2

Југоисточна дивизија
1. Мајами Хитс 16 12 ,571 –
2. Вашингтон Визардс 15 13 .536 1
3. Шарлот Хорнетс 15 14 .517 1 1/2
4. Атланта Хокс 13 14 .481 2 1/2
5. Орландо Меџик 5 23 .179 11

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија
1. Голден Стејт Вориорс 23 5 .821 –
2. Феникс Санс 22 5 .815 0 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 16 12 .571 7
4. Лос Анџелес Лејкерс 15 13 .536 8
5. Сакраменто Кингс 11 17 .393 12

Југозападна дивизија
1. Мемфис Гризлис 17 11 .607 –
2. Далас Маверикс 14 13 .519 2 1/2
3. Сан Антонио Спарс 10 16 .385 6
4. Хјустон Рокетс 9 18 .333 7 1/2
5. Њу Орлеанс Пеликанс 8 21 .276 9 1/2

Северозападна дивизија
1. Јута Џез 19 7 .731 –
2. Денвер Нагетс 14 13 .519 5 1/2
3. Минесота Тимбервулфс 12 15 .444 7 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 11 17 .393 9
5. Оклахома Сити Тандерс 8 18 .308 11