НБА тимовите интензивно се подготвуваат за престојната сезона, играјќи пријателски дуели како дел од пред-сезоната.
Синоќа Голден Стејт Вориорс успеа да слави на Лос Анџелес Лејкерс со 116:75, а најзаслужен за тоа беше Стеф Кари со 25 поени.
Токму овој играч го направи и најдобриот потег на вечерта, кога во еден директен дуел со Коби Брајант успеа да постигне тројка преку него од огромна далечина, по што и самиот Брајант му честиташе за потегот.