Кари прецизен како снајпер (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски кошаркари, Стеф Кари, на загревањето пред ноќешниот меч на Голден стејт вориорс против Далас маверикс (101-107) демонстрира невидена прецизност и техника на шутот каква што одамна не е видена на терените.

Тој едноставно не можеше да промаши, без разлика од која позиција шутираше. Топката како да беше диригирана со ласер, постојано завршуваше во обрачот и тоа без да го допре.