Кариерата на Ибрахимовиќ не е завршена, но ќе паузира најмалку 30 дена

Милан попладнево соопшти дека Златан Ибрахимовиќ не ја оштетил Ахиловата тетива, напаѓачот има повреда само на листот на ногата, за 10 дена ќе направи нови тестови по кои ќе се знае повеќе.

 

Швеѓанецот се повреди на синоќешниот тренинг и во прв момент се стравуваше за најлошото и оштетување на Ахиловата тетива. Целосно санирање на ваква повреда може да трае и до една година, па тоа веројатно ќе значи и карај на кариерата на Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Милан попладнево соопшти малку добри вести. Тестовите покажале дека Ахиловата тетива не е оштетена, напаѓачот има повреда само на листот на десната нога.

За 10 дена ќе бидат направени нови тестови по кои ќе се знаат повеќе детали и времето кое ќе биде потребно за Златан Ибрахимовиќ да се врати на терените.

Медиумите од Италија шпекулираат со период од 30 до 45 дена, што би значело дека голгетерот ќе го пропушти поголемиот дел од ре-стартот на Серија А.