Карикатура

Знае да биде незгодно кога човек ќе се заљуби во сопствената карикатура.

Читам деновиве дека граѓанин нашол неактивирана бомба зад зградата на владата, до ресторанот Жабар, и ладно ја земал и ја однел дома. Ни страв ни срам.

Да види што и како има во неа. Да не е тука материјалот од телефонските разговори кои ги имал Заев, а не ги објавил… оние што ќе ја урнеле владата на Груевски за три дена. А таа се уште е тука.
Поминаа 35 бомби пута по десет разговори, а Заев и понатаму е опозиција во сенка. Да, во сенка на Милчин, Орданоски и нивните зомби соросоиди.

Откако граѓанинот ја размонтирал, и видел дека ни тука го нема експлозивот што ќе ја бутне владата, ја пријавил бомбата во полиција. Не ни помислил да му ја врати назад на Заев, кој и онака има полна соба такви ќор фишек бомби за сувенир.

Заради Заев луѓето веќе немаат страв од бомби. По неговите бомби сега поимот бомба веќе не е страшен, никого не плаши и луѓето бомбите почнаа да си ги сфаќаат како играчки. На заебанција. Како што го сфаќаат и него. Што би рекле во Скопје – цреп.

Па самиот факт дека е во тим со Шилегов и Шекеринска значи по дифолт дека е шарлатан и кримоген тип, лузер кој имал лош натален хороскоп. Доволно е, за почеток, да им ги видиш фаците на лигавиот Шилегов и ладната трајна на Шекеринска, и да ти стане јасно дека кај нив се е сомнително. И дека лошотилакот и злобата им се карактер.

Со високиот притисок на Шилегов, неговата потреба да живее живот на влекач кој чека некој нешто да фрли на земја за да има што да јаде, и постојаната потреба да се направи зло за да се спаси денот… не ни може да се очекува креативна акција. Влекачот, помеѓу останатото, ја има и таа маана да не гледа повисоко од нозете на тие што чекорат околу него. И да ги следи нивните чекори, каде и да го водат тие.

А чекорите се на Рада Ладнатрајна. Според инстиктот на Шилегов таа, по дефиниција чекори кон парите, и тоа е добра препорака за гуштерот Шилегов да оди по неа. Да и се упикува, лигави, да ја фали нејзината невидлива убавина, и од никого чуена елоквентност. А кога ќе стасаат до парите, Шилегов знае што понатаму.

Гуштерот Шилегов не се влече по чекорите на Заев. Јасно му е каде оди тој.

Јасно му е дека приказната на Заев е завршена. Дека е тој сега препуштен на судбината, на добрата воља на Груевски и трпението на дипломатите.

Од Судот и од Груевски му зависи дали судскиот процес за прислшувањето, но и за криминалот низ Струмица ќе му почне утре, за месец дена, или ќе биде аболиран. Дали ќе одговара само тој, или заедно со него бате Вице, и пар блиски им ликови.

Од дипломатите му зависи дали Груевски ќе го прифати како партнер за разговори, како и за аболицијата која ја бара Заев како услов за преговорите, или за сериозни преговори ќе се чека неговиот наследник, идниот шеф на СДСМ.

А колку повеќе се одлговлекува почетокот на судењето, толку позицијата на Заев во СДСМ е полоша. Со време разбираат дека целиот овој циркус што го прави Заев со злоупотреба на партијата е за да се спаси себеси од судење. И ништо друго. Да го сочува тоа што го украл, и кога ќе дојде време да се врати комплетно во Струмица.

Патем, да го спушти СДСМ најниско, на бандаши, и да го предаде во рацете на Милчин и соросоидите за понатамошна употреба.

Затоа во СДСМ почна операцијата за спас на партијата од заложништво на струмичкиот криминален клан Заеви, и проституирање на партијата за парите што ги даваат Милчин и соросоидите. Буткање на партијата во раце на Канвас, со нивните школи за демонстарции, уривање институции и уличен тероризам.

Убиќу те гаде на крају параде, што би им рекол поетот на Заев и Милчин.

Да, вистина е дека има тројца кандидати за нов шеф на СДСМ: Стево Пендаровски, Гордан Георгиев и Игор Шема Ивановски. Што се однесува до мене, мислам дека ВМРО би се усреќил со изборот на Стево Пендаровски. Таков мајка не раѓа повторно.

Прво, лузер е. Второ говорник кој никој не го разбира, и кога ќе тргне да фрфља и пелтечи само на Геровски му е јасно што сакал да каже, па пишува колумна во која го дообјаснува. Единствено, тоа тиковите шизофрени на Стево неможе да ги објасни.

А можам да замислам, пред избори, кога ќе почнат да му ја пуштаат ВМРО-овците изјавата дека пола милион граѓани на Македонија биле роботи и овци од бачило. Милина. Просто да го посакаш за противник. Го пушташ да збори, или барем да се труди тоа да го направи, а таман тргнал – му пушташ видео со изјавата за овците… И тој почнува нагласено да трза со тиковите, нервозно и панично дека пак ќе биде неразбран лузер.

За потпрeтседател на СДСМ треба да се постави Сашо Орданоски. Да.

Со тоа соросоидите ќе добијат достоен наследник на Рада Ладнатрајна. И подoбар дури. Поголем лажов од него тешко ќе најдете во државава, а и лицемер богами.

Се продава себе за новинар, интелектуалец као со добри врски во дипломатијата. Патем, од новинарска плата во беднииот нискотиражен Форум заработи куќа во Бардовци од брат-брату, по процена, барем милион евра. Во времето на СДСМ стана главен уредник на МТВ без да има завршен факултет, а беше веќе возрасен човек. Мораа да го сменат, по систематизација без школо неможе да ја држи таа функција.

Лицемерно, деновиве изјавуава дека го смениле заради бунтовништво. Иди бе браон главо празноглава, поработи уште малку за крвавите косовски пари на Ветон Сурои. Од тие крвави косовски пари Ордaноски живее со децении, им го пуши на косовските олигарси и нивните криминалци, како што ги правдаше и величеше и во случајот со терористите од Куманово, кои за него се жртви на македонската полиција.

Да ти се огади живот во кој мораш да бидеш во исто општество со вакви.

Со лицемерот Сашо Орданоски кој кариера гради ја напаѓајќи ја Мирка Велиновска, заборавајќи дека на нејзиното рамо плачел кога го фатиле девестиран и нацуцулен во надразнето машко друштво, и го избркале од дома. Никој, освен Мирка, не сакал да го прими ни на муабет. Им се гадело од него, од Сашо Орданоски.

Има и друго, има уште но, засега да застанам на ова. Животот е долг, има време.

И токму тој профил, како Сашо Орданоски, е соодветен за потпретседател на СДСМ со кого би шефувал Стево Пендаровски. Лепотица и Звер.

Бидејќи сопругата на Сашо Орданоски е дел од овдешната европска дипломатијата тој, ноќе, добива инсајдерски информации какви никој друг нема. Дури ни ЦИА.

Имено, он дознал дека дефектот со владиниот авион кој принудно слетал во Цирих бил намештаљка. Уствари, тоа било трик. До Цирих имало место кое се вика Хорген, каде се распослани сомнителни банки и фирми за оф-шор тајно банкарство, каде со сигурност парите ги криеле Миле Јанакиевски и Груевски. Па Груевски, под притисок на ситуацијава и страв од смена, лажно пријавил дефект на авионот за да слета во Цирих, и да скокне до тој Хорген да види како стои со парите, и да ги скрие дур е време…

Да, така пишува и објавува Сашо Орданоски, браон глава како последица од долготарен престој во задникот на косоварите.

Замислете, Груевски морал да пријави лажен инцидент на ВИП владин авион за да може да скокне до Цирих. Поинаку никако неможел да стаса до таму, па морал со настан кој е виден и забележан во цела Европа, да обезбеди тајност на својата посета на Цирих.

Која будала е овој Сашо Ордансоки, човече.

Тој истиот пушти бува дека уствари Груевски е руски соработник, избраник на Путин, и затоа Западот треба да го собори. Кога Груевски изјави дека стратешки партнер на Македонија се САД и Европската унија, а не Москва, бајлаков Орданоски напиша дека – тоа не е изјава на Никола, туку дека некој му ја подметнал… Монти Пајтон, човече :))

Па да бил писмен како што не е, Орданоски можел да се сети дека токму Груевски во 2008 година потпиша Договор за стартешко партенрство со САД, единствен таков во регионов. Тонч.

Плус, дека шест години по ред ЕУ и САД, па и НАТО со свој потпис тврдат дека оваа влада е прозападна, и дека ги исполнува стандардите на ЕУ и НАТО… Дури и кога некој би сакал, не би можел да ја претвори Македонија во антизападна држава барем во идните пет-десет години. А и тогаш би било можно само со косовска агресија врз Македонија затоа што овде САД и Брисел се доживуваат како патрони на Приштина и Тирана.

Значи, не е тајна дека Орданоски има политички амбиции. Но, иако Сорос подземјето има големи финансиски и дипломатски ресурси, со оглед на лимитираниот интелектуален капацитет на Сашо Орданоски, тој би можел во најдобар случај да му биде потпретседател на Пендаровски. За жал на Стево кој, сепак, не заслужува таква казна.

Но, тоа е последица од нивниот колективен синдром: како Љубе Бошкоски, и Заев, Шекеринска, Шилегов… Пендаровски и браоноглавиот Сашо Орданоски да се заљубени во сопствените карикатури. Тоа им се најубавите фотографии, скоро како селфи фото.

Што би рекол Зајко – Цитатите од изјавите на Зоран Заев се организирана кампања против мене 🙂

Автор: Драган П. ЛАТАС за ВЕЧЕР