Карикатуристката на WP поднесе оставка по спорот околу цртежот за Џеф Безос

Американската карикатуристка и добитничка на Пулицерова награда, Ен Телнес, го напушти весникот The Washington Post по спорот околу еднa од нејзините карикатури која е критична во однос на сопственикот на весникот Џеф Безос.

Телнес рече дека уредништвото го отфрлил приказот на Марк Цукерберг, основачот и челник на „Meta Platforms“, како и на основачот на „Amazon.com“ и сопственик на The Washington Post, Џеф Безос, како држат вреќи со пари и клечат пред статуата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Карикатуристката рече дека нејзината цел била да ги критикува обидите на милијардерот да се зближи со Трамп.

„Да бидеме јасни, имало случаи кога карикатурите биле одбиени или биле барани промени, но никогаш поради ставот изразен во карикатура. Ова е огромна промена и е опасна за слободата на медиумите“, напиша Телнаес, која работела за The Washington Post од 2008 година. Милијардерот Безос го купи The Washington Post во 2013 година.

Дејвид Шипли, уредник на коментари во The Washington Post, го оспорува ставот на Телнес.

„Не секоја уредничка проценка е одраз на малигни сили“, рече тој, пренесува dpa.

Шипли вели дека ја одбил карикатурата затоа што други автори во весникот се осврнале на истото прашање, па затоа сакал да избегне повторување.

Безос неодамна изјави дека нема да промовира лични интереси преку медиумите, по критиките затоа што пред изборите одлучи The Washington Post да не ја објави веќе напишана поддршка од страна на уредувачкиот колегиум за демократската кандидатка Камала Харис. Уредниците на весникот и во изборите во 2016 година, по и во текот на мандатот на Џо Бајден водеа континуирана кампања против републиканецот Доналд Трамп.