Карикатуристот Луз, кој ја дизајнираше насловната страница на „Шарли Ебдо“ со пророкот Мухамед вели дека ја напушта редакцијата.
„Секое издание е тортура затоа што другите ги нема“, вели Луз.
Реналд Лузие, за францускиот весник Liberation вели дека неговата работа станала „премногу тешка за да се издржи“, по смртта на неговите колеги.
Дванаесет луѓе беа убиени кога двајца исламисти упаднаа во редакцијата на „Шарли Ебдо“ на 7 јануари.
Тој вели дека неговиот отказ е лична одлука и дека ќе си замине во септември.
„Поминувам ноќи без сон мислејќи на загинатите, се прашувам што ќе направеа Чаб, Кабу, Оноре, Тињо“, вели Луз.
За една недела по нападот, останатите членови на редакцијата издадоа нов број, на чија насловна беше Мухамед со порака „Je suis Charlie”, а надналсов „Се е простено“, дело на Луз.
Повеќето муслимани сметаат дека прикажувањето на Михамед во која било форма е забрането.
Минатиот месец Луз најави дека ќе престане да го црта пророкот, затоа што повеќе не наоѓа инспирација во него.
Многумина се обиделе да го разуверат да не дава отказ, но тој вели дека тие забораваат дека му е тешко да најде инспирација.