Министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт ја обвини Русија дека ја блокира мисијата на Организацијата за безбедност и соработка на Европа во Украина, пренесе „УНН“.
„По најразлични прашања Русија го задржуваше или блокираше испраќањето на мисијата на ОБСЕ во Украина. Ние требаше да бидеме таму уште пред многу време“, напиша дипломатот на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“.
Во почетокот на март ОБСЕ испрати во Украина 35 невооружени војници.