![karlovic2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/karlovic2.jpg?resize=348%2C196&ssl=1)
Новите 26 неодбранети сервис топки не му помогнаа на тенисерот да се пласира во третото коло на АТП турнирот во Пекинг, откако беше послаб од Уругваецот Пабло Куевас со 7:6 (5), 7:6 (7) по сетови.
Одлично е чувството. Свесен бев минатата година дека можам да го постигнам ова. Сервисот ми е најсилното оружје и се гордеам со него. Ова е големо достигнување за мене, но не запирам овде. Има уште многу години пред мене и се надевам дека бројот на асови ќе продолжи да се зголемува, изјави 36-годишниот тенисер по завршување на мечот.
Асовите почнаа да се бележат во 1991 година постигнати во рамки на сите АТП турнири, Гренд-слемови и Олимписки игри (од 2008 година па наваму).