Ѕвездата на НБА лигата, Кармело Ентони е нов играч на „Хјустон“ објави „ЕСПН”. Преминот на Кармело во Тексас би требало да биде обелоденет наредниве денови.
Она што е познато дека кошаркарот постигнал усен договор со управата на „Хјустон“, а финансиските детали не се познати.
Кармело во минатата сезона играше за „Оклахома сити Тандер“, каде имаше просек од 16.2 поени по натпревар, а по завршување на сезоната беше разменет во „Атланта Хоукс“ за Денис Шрудер.
И тогаш беше јасно дека Кармело ќе стане слободен играч и ќе пронајде друг клуб. Тоа се оствари па коѓаркарот ќе го гледаме во друштво на Џејмс харден и Крис Пол.Крилниот кошаркар пак ќе соработува со тренарот Мајк Д’Антони за кого своевремено играше во „Њујорк Никс“.
Кармело има играно и во „Денвер Нагетс“, каде ја почна НБА кариерата.