
По повод денот на виното и вљубените, Македонската опера и балет на 13 февруари ќе ја изведе популарната кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. Режисер е Дејан Прошев, а диригент Иван Еминовиќ. Ќе настапат хорот и оркестарот на МОБ
Солисти се Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон).
– „Кармина Бурана“ со пораката „Среќата да биде владетелка со светот“ со право ја нарекуваат кантата на 20 век. Овојпат „Кармина Бурана“ ќе има специјално режирана концертна изведба, соопшти МОБ.