Правните документи против Мурињо ќе бидат доставени до Трибуналот во текот на оваа недела, а Португалецот ќе мора лично да се појави на судењето.
Тужбата против менаџерот на “сините” ќе бида заснована на сексуалните навреди што Мурињо ги упатувал за време на натпреварите. Целата ситуација околу проблемите со Карнеиро и Челзи започнаа уште на 8-ми август, на почетокот на Премиер лигата, и според информациите, таа се подготвува да се одмазди на Челзи.
Низ медиумите се појави информација дека таа веќе пронашла нова работа, и нејзин следен ангажман ќе биде Чарлтон, кој се натпреварува во Чемпионшип.
Карнеиро ќе се придружи на клупскиот доктор Џон Фрасер, и психологот Ерол Умут, а нејзиниот ангажман би бил одличен маркетиншки потег за некогашниот премиерлигаш.