Картите за Вардар – Апоел со симболична цена од 100 денари

Македонскиот шампион, екипата на Вардар ги пушти во продажба билетите за реванш мечот од 2-то квалификациско коло против АПОЕЛ кој се игра на 21-ви јули на националната арена “Филип Втори”.

Од раководството на “црвено-црните” се одлучија по повеќе од поволна цена од 100 денари да го пуштат влезот за европскиот дуел на Вардар кој се игра со почеток од 20 часот. Билетите веќе може да се набават од денеска преку продажната мрежа на МкТикетс.

vardar1

Првиот натпревар од второто квалификациско коло за ЛШ, “вардарци” го играат на 14-ти јули на гостински терен.

Во меѓувреме, по враќањето од Австрија, фудбалерите на Вардар денеска продолжија со тренинзите во Скопје. Од утре ќе се стартува со двојна доза тренинзи пред заминувањето за Кипар следната недела.