![Биљал Касами](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/Bi-al-Kasami.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
На последниот ден од политичката кампања за локалните избори, кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами ги повика граѓаните да гласаат за промени, зошто, како што вели, доста е од ова пропаднато раководство.
-Ги повикуваме сите граѓани на Тетово со право на глас, без разлика на партиска, етичка или верска припадност, да го остварат своето право, да излезат и да гласаат за промени. Верувам дека граѓаните ќе ја поддржат оваа коалиција, затоа што веќе се разочарани и доста им е од ова пропаднато раководство, кое нема создадено ништо добро за граѓаните. Еднаш засекогаш во локалната власт ДУИ ќе биде тргната од сите општини во полошкиот регион, и зошто да не, на следните избори и од централната власт, порача Касами.