Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, во „Дејли клик“ на ТВ21 изјави дека разговорите со компанијата „Бехтел и Енка“ одат во вистинска насока и дека очекува изградбата на Коридорот 8 да продолжи.
Касами исто така рече дека актуелниот министер за транспорт, Александар Николовски и директорот на сегашната НП „Државни патишта“, Коце Трајановски, ќе дадат дополнителни информации за овој проект, додека истакна дека најверојатно поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на НП „Државни патишта“ треба да сносат одговорноста за активностите поврзани со овој проект.
– И во однос на Коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со „Бехтел и Енка“ одат кон решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме, го имаме ја алармираше јавноста, тоа сега го гледаме и секако и директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Груби и директорот Ејуп Рустеми направиле работи за кои најверојатно ќе треба да одговараат – изјави Касами.