Касами: На локалните избори ќе одиме сами, но можна е соработка со други партии

Лидерот на БЕСА, Биљал Касами, при гостување во „Клик Плус“ на ТВ21најави дека неговата партија локалните избори ќе оди сама, иако не исклучи и соработка со други партии.

Касами изјави дека Тетово треба да биде вратено на тетовци, а на прашањето дали тој би се кандидирал за градоначалник, истакна дека тоа ќе треба да го одобрат партиските органи.

-Ќе направиме анализа и доколку имаме сериозна понуда за соработка, ќе ја разгледаме. Секоја можна соработка меѓу СДСМ и БЕСА на локалните избори ќе биде предмет на сериозна анализа. Ќе ги анализираме најдобрите опции за нас како БЕСА – изјави Касами.